Богојавление во Штип

image

Богојавление во Штип

На 19. 01. 2018 година, денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во сите храмови во Брегалничката епархија беше свечено одбележан а централната прослава се одража во Соборниот храм „Св. Николај“ во Штип, каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници при Соборниот храм, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, по што заедно со свештениците и многубројниот православен народ,

како и Градоначалникот на Општина Штип г. Благоја Бочварски, во литија, се упати кон Мостот на реката Брегалница каде изврши Голем Богојавленски водосвет и го потопи светиот крст. Најсреќен од шеесетината, крстот го фати Дарко Митев, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со Свето Писмо – Библија и икона со „Крштевањето на Господ Исус Христос“, од Општината Штип Градоначалникот му подари ваучер од 10 000 денари а од Компанијата „Зегин“ му подарија телевизор.