Воскресение – Трет ден во Радовиш

image

Воскресение – Трет ден во Радовиш

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Воскресението Христово – Трет ден (10. 04. 2018 година) отслужи света воскресенска архиерејска литургија во храмот „Св. Троица“ во Радовиш. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа.

. На светата литургија покрај многубројниот народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Герасим Конзулов, Извршниот Директор на Рудникот „Бучим“ г. Николајчо Николов и други јавни личности.