На Источен Петок – Балаклија во Добра Вода - кочанско

image

На Источен Петок – Балаклија во Добра Вода - кочанско

На 13. 04. 2018 година - Животворен Извор на Пресвета Богородица - Источен Петок – Балаклија, св. свешт – мч Ипатиј Гангрски, св. Јона Московски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, во манастирот „Св. Богородица“ во месноста Добра Вода – кочанско, отслужи света воскресенска архиерејска литургија. На Светата Литургија покрај многубројниот народ присуствуваше и Министерот за Внатрешни работи при Владата на РМ г. Оливер Спасовски и Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев.

На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одража пригодна беседа, изврши литија околу манастирот и го благослови и пресече празничниот леб.