Преосветување на храмот „Св. Јован Крстител“ во с. Горни Подлог - кочанско

image

Преосветување на храмот „Св. Јован Крстител“ во с. Горни Подлог - кочанско

На 16. 09. 2018 година, 16 – та Недела по Педесетница, Св. свешт – мч Антим Никомидиски, св. мч – чка Василиса, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво, во годината кога МПЦ – ОА ја одбележува 1 000 годишнината на Охридската архиепископија, како и Јубилејот 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, го преосвети реновираниот храм посветен на „Св. Јован Крстител“ во с. Горни Подлог - кочанско, и отслужи Света Архиерејска Литургија.

Реновирањето и фрескоживописот на храмот е помогнато од месното население. Во беседата Митрополитот г. Иларион на сите дарители за оваа големо Нивно залагање, од името на МПЦ – ОА, Брегалничката епархија, им додели Благодарници. Истотака Митрополитот г. Иларион ја освети и обновената крстилна при истиот храм.