Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица во штипско Ново Село

image

Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица во штипско Ново Село

На 21. 09. 2018 година, на празникот Раѓање на Пресвета Богородица - Мала Богородица, во храмот посветен на Нашата Мајка Пресвета Богородица во штипско Ново Село, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион одража содражајна беседа и на г. Кирил Џонов, сопственик на

Пицеријата „Касик КММ 2011“ од Штип, му додели Благодарница за непрестајната помош кон мајсторите кои работат на изградба на цркви во Штип. Непрестајно низ текот на целиот ден верниците доваѓаа да се поклонат и помолат на Мајката Божја Пресветата Владичица Наша Богородица.