Вечерна на Покров на Пресвета Богородица во штипско Ново Село

image

Вечерна на Покров на Пресвета Богородица во штипско Ново Село

На 13. 10. 2018 година, 20 – та Недела по Педесетница, Покров на Пресвета Богородица, св. Јован Кукузел, св. ап. Ананиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот посветен на „Покров на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село, осветен пред три години и пет месеци и е ктиторско дело на г. Сашо Миладинов со неговото семејство, отслужи празнична вечерна богослужба, во сослужение на свештеници од штипското архиерејско намесништво.

На вечерната богослужба, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, го благослови и пресече празничниот леб, по што одража содражајна беседа.