Литургија на Покров на Пресвета Богородица во штипско Ново Село

image

Литургија на Покров на Пресвета Богородица во штипско Ново Село

На 14. 10. 2018 година, 20 – та Недела по Педесетница, Покров на Пресвета Богородица, св. Јован Кукузел, св. ап. Ананиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот посветен на „Покров на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село, осветен пред три години и пет месеци и е ктиторско дело на г. Сашо Миладинов со неговото семејство, отслужи света архиерејска литургија, во сослужение на свештеници од штипското архиерејско намесништво.

По светата литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион одража пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.