Осветување на црква во с. Покрајчево - радовишко

image

Осветување на црква во с. Покрајчево - радовишко

На 21. 10. 2018 година, 21 – ва Недела по Педесетница, преп. Пелагија, преп. Таиса, св. мч – чка Пелагија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во годината кога МПЦ – ОА ја одбележува 1 000 годишнината на Охридската архиепископија, како и Јубилејот 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, ја освети новоизградената прва црква посветена на „Свети вмч. Георгиј“ во с. Покрајчево – радовишко, и отслужи Света Архиерејска Литургија.

Храмот е изграден со средства од месното население. За оваа големо Нивно залагање, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион, им додели Благодарници и на сите помагатели и дарители им се заблагодари за несебичната помош на овој прекрасен Православен Македонски Божји бисер.