На Петковден во „Св. Петка“ во Штип

image

На Петковден во „Св. Петка“ во Штип

На 27. 10. 2018 година, Преподобна Параскева – Петковден, осма храмова слава од осветувањето на параклисот – крстилна посветен на Препод. Параскева во населбата Сењак 2 во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија. Пред Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион ги произведе во чтец богословите Алберто Тасв и Ненад Николовски од Штип.

На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион, одража пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.