Литургија во Кочани

image

Литургија во Кочани

На 09. 12. 2018 година, 28 – ма Недела по Педестница, преп. Алимпиј Столпник, св. вмч. Георгиј, св. Стилијан, Неговото Високпреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, во храмот посветен на Св. вмч. Георгиј во Кочани, отслужи Света Архиерејска Литургија.

На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одража пригодно слово и го благослови и пресече славскиот леб. На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ меѓукои и Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев.