Литургија и ракополагање во ѓаконски чин во Кочани, на Соборот на Пресвета Богородица

image

Литургија и ракополагање во ѓаконски чин во Кочани, на Соборот на Пресвета Богородица

На 08. 01. 2019 година, на празникот Собор на Пресвета Богородица; св. Никодим Прилепски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во црквата посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, отслужи Света Архиерејска Литургија. Пред Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го произведе во ипоѓакон богословот и теолог чтец Дамјан Спасов од Виница, а на Светата Литургија го ракоположи во ѓаконски чин.

На Светата Литургија присуствуваа голем број верници меѓу кои и Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион, на верниците им го честита Големиот Празник – Божик со поздравот Мир Божји – Христос се Роди!