Недела на блудниот син во с. Дедино – Општина Конче

image

Недела на блудниот син во с. Дедино – Општина Конче

На 24. 02. 2019 година, Недела на блудниот син, Св. мч. Георгиј Кратовски, св. Власиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во црквата посветена на „Свети Николај“ во с. Дедино – општина Конче - радовишко, отслужи Света Архиерејска Литургија и произнесе пригодна беседа.

На Светата Литургија присуствуваше многуброен народ меѓу кои и Градоначалникот на Општина Конче г. Благој Илиев, Градоначалникот на Општина Радовиш г. Герасим Конзулов како и други општински и јавни личности.