Тодорова сабота во Свети Николе

image

Тодорова сабота во Свети Николе

На 16. 03. 2019 година, Тодорова сабота, Светите маченици Евтропиј, Кленик и Василиск, св. Мијамука Мисирска, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од штипското архиерејско намесништво, во црквата „Св. Николај“ во Свети Николе, отслужи Света Архиерејска Литургија во присуство на многуилјаден народ,

меѓу кои и Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Сашо Велков и ја благослови пченицата во чест на празникот - Тодорова сабота. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го причести многуилјадниот православен народ со Телото и Крвта Христови и одража пригодна беседа.