Осветување на црква во с. Мечкуевци - Свети Николе

image

Осветување на црква во с. Мечкуевци - Свети Николе

На 12. 05. 2019 година, 3 – та Недела на Воскресение (на Мироносиците), св. 9 мч – ци во Кизик, св. Василиј Острошки, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од штипското архиерејско намесништво, во годината кога МПЦ – ОА ја одбележува 1 150 години од упокојувањето на сесловенскиот просветител и рамноапостол, свети Кирил Солунски и 60 години од хиротонијата на блаженоупокоениот епископ Злетовско – струмички Наум – член на првиот Синод на возобновената Охридската архиепископија во лицето на МПЦ и 1 000 години Радовиш, ја освети обновената црква посветена на „Преп. мч – чка Параскева Римјанка“ во с. Мечкуевци – Свети Николе,

и отслужи Света Архиерејска Литургија. Храмот е изграден со средства од месното население. За оваа големо Нивно залагање, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион, им додели Благодарници и на сите помагатели и дарители им се заблагодари за несебичната помош на овој прекрасен Православен Македонски Божји бисер.