Чествување на Светитот маченик Спасо Радовишки, Заштитник и Патрон на Радовиш

image

Чествување на Светитот маченик Спасо Радовишки, Заштитник и Патрон на Радовиш

На 21. 08. 2019 година, празникот на Светиот маченик Спасо Радовишки, во храмот Св. Троица во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф, Надлежниот епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото Преосвештенство Епископот Стобиски г. Јаков, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката и Струмичката епархија, во присуство на многуброен православен народ, Градоначалникот на Општина Радовиш г. Герасим Конзулов и други јавни личности, отслужи света архиерјска литургија, одража пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

По ова Митрополитите и Епископот го посетија манастирот посветен на Св. вмч. Георгиј во с. Ораовица – Радовиш, каде и присуствуваа на заедничката празнична трпеза на љубовта по повод Патронот и Заштитникот на Градот Радовиш Св. мч. Спасо Радовишки./span>