Чествување на Патрониот Празник „Успение на Пресв. Богородица“ во Пробиштип

image

Чествување на Патрониот Празник „Успение на Пресв. Богородица“ во Пробиштип

На 28. 08. 2019 година – Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од штипското и кочанското архиерејско намесништво, во црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица во Пробиштип, отслужи света архиерејска литургија.

На крајот од светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа, им го честита храмовиот празник и денот на сите рудари во Пробиштип. По ова, Митрополитот г. Иларион заедно со православнот народ, со иконата на Успението на Пресв. Богородица, изврши литија од храмот Успение на Пресв. Богородица до Градскиот Плоштад во Пробиштип, каде и е поставен споменикот посветен на „Светиот Гаврил Лесновски“, и го благослови и пресече празничниот леб./span>