Преосветување и производство на протоереј на празникот „Раѓање на Пресв. Богородица“ во манастирот во с. Пантелеј, кочанско
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 21 Септември 2019
- Посети: 1181
Преосветување и производство на протоереј на празникот „Раѓање на Пресв. Богородица“ во манастирот во с. Пантелеј, кочанско
На 21. 09. 2019 година, Раѓањето на Пресвета Богородица – Мала Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Кочани, ја преосвети малата манастирска црква посветена на „Раѓањето на Пресвета Богородица“, при манастирскиот комлекс при манастирот „Св. вмч. Пантелејмон“ во с. Пантелеј – кочанско и отслужи света празнична архиерејка литургија. На светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион го произведе во чин протоереј, свештеникот Александар Алексов од Кочани.
На крајот од литургијата Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб и одража пригодна беседа./span>