Собор на 12 славни и сефални апостоли - Виница

image

Собор на 12 славни и сефални апостоли - Виница

На празникот посветен на 12 апостоли, кај народот познат како Павловден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од епархијата отслужи Света Архиерејска Литургија. На Литургијата Неговото Високопреосвештенство одржа содржајна беседа за делото на апостолите,

а исто така го поучи верниот народ.По завршувањето на Литургијата оваа година поради ситуацијата со covid 19 не се одржа традиционалната литија, но Митрополитот направи мал водосвет и го благослови и прекрши празничниот леб на плоштадот кај параклисот посветен на „Св. Ап. Павле“ во присуство на градоначалникот на Општина Виница г-дин Ивица Димитров, на бившиот градоначалник г-дин Горан Ангелов како и на бројниот верен народ.