Шеста недела по Педесетница во Кочани

image

Шеста недела по Педесетница во Кочани

На 19.07.2020 година шеста недела по Педесетница кога го чествуваме споменот на Светите отци од VI вселенски собор и Св. Сисој Велики, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение со повеќе свештеници од епархијата отслужи Света Литургија на која со одлука на САС со граден крст го одлукуваше протоереј Блаже Атанасов. На крајот од Светата Литургија Неговото Високопреосвештенство одржа пригодна беседа. 

Во прилог делот од Апостолот кој се читаше на Литургијата:
Браќа, бидејќи според дадената благодат имаме разни дарови: ако е до пророштво, тогаш нека биде според верата; служба ли, нека служи; учител ли е – нека учи; наставник ли е – нека утешува; дарител ли е – нека дарува; управител ли е- нека управува; кој што прави, нека го врши тоа со добра волја. Љубовта нека не ви биде лицемерна; отстранувајте се од злото, прилепувајте се кон доброто; еден спрема друг бидете љубезни со братска љубов; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг. Во усрдноста да не сте мрзеливи; духот да ви биде пламенен; служете му на Господа; бидете радосни во надежта во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани; помадајте им на светиите во нивните нужди; трудете се да бидете гостопримливи; благословувајте ги оние што ве гонат, благословувајте ги, но не и да ги колнете. (Рим. 12, 6-14)