Св. Вмч–чка Марина во манастирот Животворниот Извор на Пресвета Богородица

image

Св. Вмч–чка Марина во манастирот Животворниот Извор на Пресвета Богородица

На 30. 07. 2020 година на Празникот Св. Вмч–чка Марина, во манастирот посветен на Животворниот Извор на Пресвета Богородица, кој манастир се наоѓа во месноста Марена – Злетово и е метох на Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свешеници од епархијата отсужи света архиерејска Литургија. 

На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.