Концерт на Духовна музика во Кочани

image

На 27. 03. 2010 година (Лазарева Сабота), со Благослов на Надлежниот Татко, Неговото Високопреосвештенство Митополитот Брегалнички г. Иларион, се одража Концерт на Духовна музика во салата на Правниот Факултет во Кочани. Концертот го организираше Црковното Настојателство при храмот Св. Вмч. Ѓорѓи во Кочани и Основното Музичко Училиште Ристо Јуруков во Кочани, а настап имаше хорот при храмот Св. Вмч. Ѓорѓи во Кочани и хорот при Основното Музичко Училиште Ристо Јуруков во Кочани. На концертот покрај многубројниот народ присуствуваше Надлежниот Митрополит г. Иларион, Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од кочанското архиерејско намесништво.