Воскресение – Втор ден во Кочани

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/vtor//

Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Воскресението Христово – Втор ден (05. 04. 2010 година), отслужи света воскресенска литургија во храмот посветен на Св. Вмч. Ѓорѓи во Кочани. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово и на Своите верни чеда им го честита Празникот над Празниците – Воскресението Христово. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион им додели Благодарници на Црковното настојателство и вработените при храмот Св. Вмч. Ѓорѓи во Кочани за грижата на чистотата и уредноста на овој свет храм кој сужи за пример во епархијата. На светата воскресенска литургија покрај многубројниот православен народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитров со неговото семејство.