Воскресение – Трет ден и Духовна Академија во Радовиш

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/tret//

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Воскресението Христово – Трет ден (06. 04. 2010 година) отслужи света воскресенска архиерејска литургија во храмот Св. Троица во Радовиш. На светата литургија Митрополитот г. Иларион го произведе во пророерејски чин свештеникот Стојан Јановски, старешина на храмот Св. Троица во Радовиш. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа и се отпочна со Велигденската Духовна Академија, по повод 10 - ет годишниот Јубилеј од формирањето на хорот Свети Спасо Радовишки од Радовиш, при што, Митрополитот г. Иларион и додели благодарници на Диригентите на хорот г – ѓа Рушка Ефтимова(поранешен диригент) и г. Петар Јованов од Радовиш. На светата литургија, покрај многубројниот православен народ, присуствуваше и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Роберт Велков, Преседателот на Советот на Општина Радовиш г – ѓа Даниела Лазрова - Спасова и Членови на Советот на Општина Радовиш.