Благoвештение и Благодатен оган во Ново Село - Штип

image

На 07. 04. 2010 година - Благовештение (Светла Среда) Неговото Високпреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата Успение на Пресвета Богодица во Штипско Ново Село, пристигна за да отслужи света архиерејска литургија и на големо изненадување и радост за сите верници, за прв пат во Штип, Го донесе Благодатниот оган кој го симболизира излегувањето од гробот на Вистинската Светлина, т.е. Воскресението Христово. Го пречека свештениците од штипското архиерејско намесништво и верниците и Митрополитот г. Иларион отслужи света архиерејска литургија, а на крајот од литургијата одржа пригодна беседа.