Источен Петок – Балаклија во Марена, метох на Лесновскиот манастир

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/istocen//

На 09. 04. 2010 година во манастирот, кој во текот на овој месец треба да се освети, посветен на Животворниот Извор на Пресвета Богородица - Источен Петок – Балаклија, во месноста Марена – Злетово, метох на Лесновскиот манастир, чиј што ктитор е г. Чедо Петров со неговото семејство, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, отсужи света воскресенска архиерејска литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.