Молебен за почеток на нова учебна година во Кочани

image

На 31. 08. 2010 година, на поставена бина во дворното место при храмот Св. вмч. Ѓорѓи во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од храмот Св. вмч. Ѓорѓи во Кочани, а во присуство на голем број ученици и Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитров, изврши молебен за почеток на новата учебна година и одржа пригодна беседа.