Молебен за почеток на нова учебна година во Штип

image

На 31. 08. 2010 година во 18 часот, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Соборниот храм Св. Николај во Штип, а во присуство на голем број ученици, изврши молебен за почеток на новата учебна година и одржа пригодна беседа.