Монашење во Лесново

image

На 11. 09. 2010 година, Св. Александар Невски, препод. Александар Свирски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на вечерната богослужба во манастирот Свети Гаврил Лесновски во Лесново, го потстрижа и замонаши во мала схима духовното чедо на отец Прохор, кој го и приведе, и го доби монашкото име Гаврил по Епископот Гаврил Светогорец. Вечерната богослужба ја отслужи Надлежниот Митрополит Брагалнички г. Иларион во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството и еромонахот Григорие од Скопска епархија.