Ракополагање во ероѓаконски чин во Лесново

image

На 12. 09. 2010 година, 16 – та Недела по Педесетница, Св. Александар Невски, препод. Александар Свирски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан заедно со Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, еромонахот Прохор и еромонахот Григорие, во манастирот Свети Гаврил Лесновски во Лесново, отслужи света архиерејска литургија. Пред светата литургија Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, монахот Гаврил, го произведе во чтец и ипоѓакон а на светата литургија го ракоположи во ероѓаконски чин. На крајот од светата литургија Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан одржа пригодна беседа.