Се упокои во Господа презвитера Веселинка од Радовиш

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/opelo//

На ден 16. 09. 2010 година се упокои во Господа Веселинка Спасова од Радовиш, ќерка на познатиот Радовишки свештеник Димитар Чаракачиев, а сопруга на свештеникот Драги Спасов од Радовиш, кој свештеник е убиен во 1947 година од тогашната власт, бидејќи не сакал да се одрече од својот Македонски народ и од својата свештеничкта духовна должност. На 17. 09. 2010 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, изврши опело на почината презвитера Веселинка.