Храмова слава на црквата во Виница

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/vinicaa//

На 21. 11. 2010 година, кога Православната црква го одбележува соборот на св. Архангел Михаил и св. Ангел Лерински, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во црквата посветена на соборот на св. Архангел Михаил во Виница, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа и на помагачите на храмот им додели Благодарници. По ова Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб.

Истиот ден Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови празничниот ручек на гостите и вработените на Месната Индустрија МИК од Свети Николе, кој Свети Архангел Михаил го имаат за свој патрон и заштитник.