Осветена крстилна – параклис посветен на Препод. Параскева – н. Сењак во Штип

image

На 28. 11. 2010 година, 27 – ма Недела по Педестница, Св. мч. Гуриј и др.; препод. Пајсиј Величковски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Штип, ја освети новоизградената крстилна – параклис посветен на Преподобната Параскева во н. Сењак 2 во Штип и отслужи Света Архиерјска Литургија.

На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа во која искажа дека бидејќи во овој објект се наоѓаат две цркви оваа година, за потребите на населението од оваа населба, и функционирањето на црквата денес се освети крстилната – параклис посветен на Преподобната Параскева, но со Божја помош идната година се надеваме дека ќе ја осветиме и горната црква посветена на Патронот на МПЦ Св. Климент Охридски Чудотворец.

На чинот на осветувањето присуствуваше многуброен православен народ.