Манастирска слава во женскиот манастир Св. Спиридон, метох на Лесновската обител

image

На 25. 12. 2010 година, Св. Спиридон Чудотворец еп. Тримитунски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Поварадарски г. Агатангел заедно со Надлежниот Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, а во прекрасното источно пеење на братството од Лесновскиот манастир, во женскиот манастир посветен токму на Светиот Спиридон Чудотворец, метох на Лесновската обител, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Литургијата содржајно слово одража Митрополитот Повардарски г. Агатангел а Надлежниот Митрополит г. Иларион Му се заблагодари на Својот брат во Христа Митрополитот г. Агатангел за големата љубов кон Брегалничката епархија односно кон метосите на Лесновскиот манастир. По ова Митрополитите г. Агатангел и г. Иларион го благословија и пресекоа славскиот леб. За сите присутни верници од рацете на монасите и монахињите беше приредена заедничка трпеза на љубовта.