ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

image

На 07. 01. 2011 година, кога Православна Црква го празнува Рождеството Христово – Божик, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, отслужи Божикна Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија присуствуваше многуброен православен народ кој се причести со Телото и Крвта Христови. Исто така на Светата Литургија присуствуваше и Градоначалникот на Општина Штип г. Зоран Алексов, а по барање на Надлежниот Митрополит г. Иларион, кој како духовен татко на сите луѓе, на Божикната Литургија присуствуваа Кординаторот на ВМРО – ДПМНЕ во Штип г. Трајче Димков и Кординаторот на СДСМ во Штип г. Новит Здравев како и други личности од јавниот и приватниот сектор.

На светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион им го честита големиот Празник на верниците со пораката:

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

НАВИСТИНА СЕ РОДИ!