Литургија во Кочани на Соборот на Пресвета Богородица

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/kocani2den//

На 08. 01. 2011 година, на празникот Собор на Пресвета Богородица; св. Никодим Прилепски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во црквата посветена на Св. вмч. Георгиј во Кочани, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија присуствуваа голем број верници меѓу кои и Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион, на верниците им го честита Големиот Празник – Божик со поздравот Мир Божји – Христос се Роди!