На Св. архиѓакон и првомаченик Стефан во Радовиш

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/radoviss//

На 09. 01. 2011 година, на празникот на Св. архиѓаконот и првомаченикот Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, во црквата посветена на Св. пр. Илија во Радовиш, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе содржајна и поучна беседа, а по беседата со соодветно молитвословие го благослови новоизбраниот Претседател г. Сашко Николов и Членовите на Управниот Одбор на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ во Радовиш и на новоизбраниот Претседател за спомен му подари икона на Светиот Спасо Радовишки, Патронот и Заштитникот на Градот Радовиш.