Посета на Митрополитот Михаловско-кошички г. Георгиј

image

Посета на Митрополитот Михаловско-кошички г. Георгиј од Православната Црква на Чешките земји и Словачка

На 11.11.2022 година, во поклоничка и братска посета на древната Света Лесновска обител и манастирскиот храм посветен на „Светиот Архангел Михаил“, допатува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Михаловско-кошички г. Георгиј, од Православната Црква на Чешките земји и Словачка. Митрополитот беше братски и свечено пречекан од надлежниот епархиски Архиереј, Митрополит Брегалнички г. Иларион и братството на Лесновската обител. Исто така Митрополитот слушајќи за богоугодниот и свет живот на Светиот Гаврил Светогорец Епископ Велички и за многубројните чуда кои се случуваат од неговите свети мошти, се поклони на нив, а надлежниот

Митрополит г. Иларион му даде честичка од светите мошти на Митрополитот г. Георгиј.