На Преподобен Наум Охридски Чудотворец во Лесново

image

На 03. 07. 2011 година, Препод. Наум Чудотворец, во манастирскиот комплекс Св. Гаврил Лесновски во Лесново, каде што има параклис посветен на Препод. Наум Чудотворец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир, отец Дамаскин со братството, отсужи празнична вечерна богослужба и акатис на Препод. Наум Охридски Чудотворец. Утредента во манастирската Соборна црква посветена на „Св. Архангел Михаил“ при манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир, отец Дамаскин со братството, во присуство на многуброен народ, отслужи Света Архиерејска Литургија, одржа пригодно слово и го благослови и пресече празничниот леб.