Празнична вечерна по повод споменот на Св. Гаврил Лесновски во Лесново

image

Празнична вечерна по повод споменот на Св. Гаврил Лесновски во Лесново 

На 27.01.2021 год. во навечерието кога го чествуваме споменот на Св. Гаврил Лесновски кој е заштитник и патрон на Лесновската света обител, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение со повеќе свештеници отслужи празнична вечерна богослужба. 

 На литиските стихири Митрополитот се поклони на иконата на Светиот Гаврил Лесновски по што го благослови петолебието и одржа пригодна беседа.