Спомен на Светиот Гаврил Велички во Лесново

image

Спомен на Светиот Гаврил Велички во Лесново

На 28.05.2021 кога го чествуваме споменот на Светиот Гаврил Светогорец, Епископот Велички во Лесновската света обител, која беше и земно живеалиште на Преподобниот Гаврил, Неговото Виокопреосвештенство Митрополитот Брегал-  нички господин Иларион заедно со Неговото 

Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски господин Агатангел и Митрополитот Тетовско-гостиварски господин Јосиф отслужија Света Архиерејска Литургија. На литургијата беседеше Митрополитот господин Агатангел, а по причетувањето на многубројниот верен народ беше благословен и празничниот леб.