Храмова слава на Манастирот на Пониква - Осоговски Планини

image

Храмова слава на Манастирот на Пониква - Осоговски Планини

На 14.01.2022 год. кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Обрезанието на Господ Исус Христос; Св. Василиј Велики и Нова Година,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужија Света  Василијева Архиерејска Литургија во манастирот посветен токму на Св. Василиј Велики на Осоговските Планини, во месноста Пониква.

На божествената литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, го благослови почетокот на Новата Година, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.