Храмова слава на храмот „Св. Пр. Илија“ во Радовиш

image

Храмова слава на храмот „Св. Пр. Илија“ во Радовиш

На 02.08.2022 година, кога го чествуваме споменот на Светиот пророк Илија, кој е воедно и голем национален празник - Илинден,  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Пр. Илија“ во Радовиш. На Литургијата беше прочитано и Илинденското послание од Архиепископот на Македонската Православна црква - Охридска Архиепископија г.г. Стефан. По завршувањето на

Литургијата, Митрополитот г.Иларион изврши трисагија за покој на душите на сите оние кои го дале својот живот за Слободна и Независна Република Македонија и изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб