Храмова слава на храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Зрновци

image

Храмова слава на храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Зрновци

На 08.11.2022 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Светиот Великомаченик Димитриј Солунски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Зрновци. На крајот од Литургијата, Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа содржајна беседа, по што изврши мал водосвет, го благослови и пресече празничниот леб и изврши освет на

новоизградените административни простории при самиот храм.