image

Недела на Св. Јован Лествичник во Делчево

На 11.04.2021 год. во четвртата недела од Великиот пост која е посветена на големиот подвижник Св. Јован Лествичник, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката  

 епархија отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија во храмот „Св. Наум Охридски“ во Делчево. На многубројниот народ Митрополитот се обрати со содржајна беседа по што верниците се причестија со Телото и Крвта на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.