image

 Акатист во Штип

 На 16.04.2021 год. во петокот од петата седмица од Великиот пост, Неговото Високопреосвештентво Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештеници од Штип отслужи Акатист кон Пресветата Владичица Богородица во соборниот храм „Св. Николај“  во Штип.

На Акатистот Неговото Високо Преосвештенство го благослови петолебието и кон верниот народ се обрати со пригодна беседа.