image

Павловден во Виница и производство во протоерејски чин

На 13.07.2021 кога го славиме соборот на светите апотоли, ден кај нашиот народ познат како Павловден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужени на повеќе свештеници од 

Брегалничката епархија во храмот посветен на Светиот Архистратиг Михаил во Виница отслужи света Архиерејска Литургија, на која во чин протоереј го произведе отец Горан Ангелов. На Литургијата Богодаруваниот ни владика беседеша и го поучи верниот народ, а по завршувањето на Литургијата, заедно со свештенството и верниот народ, меѓу кои беше и актуелниот Градоначалник на Општина Виница г-дин Ивица Димитров извршија свечена литија со иконата на Светиот апосстол Павле до параклисот посветен на овој апостол кој се наоѓа во Градскиот плоштад каде го благослови празничниот леб.