image

Осветување на новоизградениот храм посветен на „Св. Лидија Македонка“ во Св.Николе

На 09. 10. 2021 година, кога го чествуваме споменот на  Упок. на св. ап. и ев. Јован Богослов; преп. Нил Калабриски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение со Архиереи на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Митрополитот г. Јосиф, Епископот Стобиски г. Јаков, свештенослужители од Брегалничката Епархија и многуброен верен македонски народ, изврши осветување на новоизградениот храм посветен на „Света Лидија Македонка“ во Свети Николе,

по осветувањето се отслужи Света Архиерејска Литургија, на крајот од Литургијата, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј одржа содржајна беседа, а Митрополитот Брегалнички г. Иларион им додели златен орден со ликот на Св.Николај Мирликијски на г. Гоце Ѓорев и неговото семејство, за безрезервното залагање и помагање во изградбата на храмот, и изрази благодарност и кон сите други кои помогнаа да се изгради храмот „Света Лидија Македонка“.