Заупокоена Литургија во Виница

image

Заупокоена Литургија во Виница

На 08.05.2021 год. кога го чествуваме споменот на Светиот Апостол и Евагелист Марко, Неговото Високопреосвештентво Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија, за  молитвен спомен            

 во четириесеттиот ден од упокојувањето на нашиот брат во Христа протоереј ставрофор Бранко Богданов отслужи Света Златоустова заупокоена Литургија во храмот „Св. Ап. Лука“ во Виница, а по завршувањето на Литургијата Митрополитот иаврши и парасотос за покој на душата на отец Бранко.Нека му е вечен поменот на упокоениот наш сотрудник во ширењето на Евангелската вистина и Троединиот Бог нека се смилува на неговата душа и како награда за неговиот примерен евангелски живот, љубов и пожртвуваност го всели во рајските населби.