Ракополагање на Св. Фануриј во Штип

image

 

 Ракополагање на Св. Фануриј во Штип

 

На 09.09.2020 година кога го чествуваме споменот на Преп. Пимен Велики и Св. Мч. Фануриј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во соборниот храм „Св. Николај“ во Штип отслужи Света Архирејска Литургија на кога во свештенички чин го ракоположи ѓаконот Трајче Донев од Штип и одржа содржајна беседа. 

По Светата Литургија Неговото Високопреосвештенство изврши помен за мајката на светиот маченик Фануриј.