Акатист во Виница

image

 Акатист во Виница

На 09.04. 2021 год. во петокот од четвртата седмица од Великиот пост, кога го чествуваме споменот на Св. Мч-ка Матрона, Неговото Високопреовештентво Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештеници од Кочанското архиерејско намесништво во храмот „Св. Арх. Михаил“ во 

 Виница отслужи Акатист кон Богомајката и го благослови петолебието. На крајот Неговото високопреовештенство изврши Трисагија за новоупокоениот протоереј ставрофор Бранко Богданов од Виница и одржа пригодна беседа.